Новата колекција на eNVy room раскажува сонлива летна приказна

29 јуни 2022

Врело сонце, тиркизни бранови и песочна плажа - копнежот кон совршеното летување, далечни дестинации и неоткриени пејсажи претставува инспирација за секого, а модното дуо eNVy room, Никица Иванчевиќ и Вјеко Франетовиќ, најдоа совршен начин да ги проткаат своите спомени од неодамнешното патување во живописната Шпанија низ нивната нова колекција.

Преку фотосесијата направена на устието на Неретва ја, eNVy room ја претставува својата нова женствена и лежерна колекција, притоа раскажувајќи ја својата сонлива летна приказна инспирирани од типични шпански мотиви.

Со своите лелеави мини и макси фустани од тантела, свила и вискоза; кратките фустани кои со своите долни извлечени делови потсетуваат на шалови; употребата на шармантни набори, лелеави реси, долги марами и заводливо изложени грбови во дизајните; како и комбинезоните во форма на луксузна лепеза, широките и лежерни пантолони и сино-белите комбинации кои неодоливо асоцираат на традиционалната мавританската керамика, eNVy room не носи на едно незаборавно топло лето низ оваа прекрасна земја.
Погледнете ги овие фотографии од Карла Јуриќ и Ива Тројановиќ и вљубете се во едноставната женственост и елеганција на новата колекција на eNVy room.

Фото: journal.hr

Фото: journal.hr

Фото: journal.hr

Фото: journal.hr

Фото: journal.hr

Фото: journal.hr

Фото: journal.hr

Фото: journal.hr

 

Објавено:
29 јуни 2022
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
294 пати