Новата колекција на H&M за „Коачела“

17 февруари 2017

Познатиот уличен бренд H&M ја претстави новата колекција – „H&M Loves Coachela“, за која е направено и специјално видео.

Како што кажува и самото име, колекцијата е резултат на соработката со фестивалот „Коачела“ и содржи комбинации токму за ова случување.

Годинава, за зашитини лица на кампањата се избрани членовите на групата „The Atomics“.

-Уживавме при создавањето на оваа колекција со томот на „Коачела“, а од соработката добивме одличен фид бек – велат од брендот.

Задоволството од резултатот не го кријат и членовите на „The Atomics“.

-„H&M Loves Coachella“ ги содржи сите потребни комбинации кои го претставуваат фестивалскиот дух, каде и да се наоѓате на планетата земја – порачуваат тие.

Тантела, многу џинс, транспарентни парчиња, чокери, очила во облик на срце се само дел од новите парчиња.

Целата колекција погледнете ја во продолжение:

Објавено:
17 февруари 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
319 пати