„Шанел“ неодамна ја претставија новата круз колекција во Монако.
На прв поглед, со комбинеозните и кацигите, изгледа дека инспирацијата ја нашле во „Формула 1“, што секако е асоцијација на Монако, но всушност, целата приказна има подлабоки симболики.
Местото е одбрано во чест на Карл Лагерфелд, па така, ревијата е претставена на плажа со поглед на некогашната вила на дизајнерот во Монако. Голем дел дизајнерската облека е инспирирана токму од неговиот стил, како на пример, кошула-фустаните со високи околувратници.
Од друга страна, црните сатенски чевли се инспирирани од обувките на балерините од Монте Карло.
На крајот, мошне впечатливи се и модните додатоци во облик на автомати за коцкање - уште еден куриозитет за Монако.
Во колекцијата се имплементирани и броеви и симболи кои долго се поврзуваат со „Шанел“. И самата Коко била мошне суеверна, познато е дека шетала со амајлии против уроци и за просперитет. Оттаму, не случајно и ревијата е одржана на 5.5. 22. Најпознатиот парфем на „Шанел“ е „Шанел 5“, Коко била лав во хороскоп, што е петтиот знак од зодијакот, а „22“ е називот на новата, последна чанта со потпис на модната куќа.
Освен комбинезоните и комплетите, колекцијата содржи и лелеави фустани вокомбинација со тенки хулахопки, а инспирацијата за овој е изглед од принцезата Каролин.
„Првата средба со Каролин беше на плажа во Монако. Носеше црн фустан и многу тенки хулахопки“, вели Вриџин Вјард.
На модното шоу присуствувале 400 гости, вклучувајќи ги и Кристен Стјуарт, Ванеса Паради, Тилда Свинтон, Софија Копола...
Во продолжение погледнете дел од колекцијата која содржи дури 67 комбинации: