Новата линија See by Chloé е спој на лежерност и принтови

12 април 2014

Благодарение на креативното водство на дизајнерката, линијата See by Chloé конечно успеа да постигне одреден статус и да се оттргне од сенката на популарниот бренд Chloé. Наредната ладна сезона ќе биде спој на безвременската класика и принтови,употреба на потешки материјали како твидот но во една сосема посовремена конотација, класичен крој на спортски маици и употреба на тантелата како додаток. Принтовите со броеви не навраќаат во средношколските денови, а особен впечаток оставаат ефектните принтови, инспирација од модели на Лагерфелд од 80-тите години.

Успешната  колекција предвидува светла иднина за линијата  See by Chloé. Парчињата нудат комформност и прилагодливост за повеќе прилики, а успешниот спој на повеќе трендови и принтови нуди задоволување на сечиј вкус.

Објавено:
12 април 2014
Категорија: 
Колекции