Нови колекции во Women'secret: Чувствувајте се женствено и секси во секое време

4 февруари 2019

Со почетокот на месец февруари во брендот Women'secret пристигнаа новите колекции. Секако, во фокус се парчиња кои ќе направат жената да се чувствува убаво во секоја пригода и време.

Удобноста, но и сексапилот се обединети во новите две колекции кои ќе ги презентираме во продолжение. 

Со оглед на тоа дека се ближи и Денот на вљубените, во Women'secret ќе најдете идеални парчиња, доколку сакате овој ден да се чувствувате и изгледате посебно убаво и секси.


КОЛЕКЦИЈА #WELOVEYOUALL

Најженствените парчиња оваа сезона!

Women’secret и оваа сезона продолжува со својата посветеност да им помогне на жените да се чувствуваат удобно и секси. Во колекцијата преовладуваат тантела со цветни и геометриски форми, изобилува со ултра женствени парчиња во бои кои предизвикуваат среќа.

Она што е вредно да се издвои се деликатните парчиња во нежна розова, зелена, црвена и неколку нијанси на сина боја.

Не сте сигурни дали обични или бразилки модел на килоти?

Women’secret го олесува изборот – бразилските килоти се повторно во тренд, парчиња создадени да се чувствувате привлечно и секси секој ден.

 


КОЛЕКЦИЈА ЗА ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ 

Најромантичните, сензуални парчиња во годината се сега тука.

Градници и долна облека со везени цветови и провидни делови, за софистициран, елегантен изглед.

Црешово црвената и црната се главните ѕвезди за овој специјален период од годината. Како новитет оваа година, тулот е инкорпориран во повеќето од парчињата за храбар и женствен печат.

Зголемете го чувството на сексапил, женственост, удобност со Women'secret!

Објавено:
4 февруари 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
605 пати