Нови женствени парчиња од H & M
•
19 јули 2016
Новата колекција на популарниот high street бренд H & M ќе ги израдува сите оние девојки кои обожаваат нежни бои и цветни дезени.
Токму такви парчиња ќе најдете во нивната колекција која е преполна со модерни парчиња кои знаеме дека ќе ги обожавате како и секогаш.
Трендсетерките нема да можат да им одолеат на лелеавите блузички со откриени рамена, кусите панталони, долгите бохо фустани, но и слатките кошулки за секоја пригода.
Што се однесува до боите, во колекцијата преовладува нежна бела, розова и црвена, но речиси сите парчиња се украсени со неодоливи цветни дизајни.
Како и секогаш, тие се погрижија во колекцијата да сместат и интересни модни додатоци, па така може да одберете фаворити од нивната нова понуда.
Погледнете!