Новогодишни предлози од H&M

20 декември 2016

Уличниот бренд H&M подготви специјален новогодишен лукбук, со предлози за тоа како можете да изгледате на најлудата ноќ во годината.

Според прикажаното, тие на нослив и младешки начин ги обединија сите актуелни трендови. 

Фустани со тантела, плисе, долг фустан од кадифе, гол грб, светкави материјали, како и доминантната црна, сето тоа се содржи во нивната специјална празнична понуда.

Покрај тоа, H&M посочуваат дека на новогодишната забава можете да го привлечете вниманието и во корсет со животински принт, во комбинација со панталони и сако.

Во зависност од вашиот моден сензибилитет, одберете ја совршената комбинација. Најважно е да се чувствувате убаво и посебно!

Објавено:
20 декември 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
2.392 пати