Остава без здив: Прекрасна колекција венчаници од Зухаир Мурад за есен 2014
•
2 декември 2013
Омилениот меѓу жените, неверојатниот Зухаир Мурад уште еднаш создаде совршено романтична колекција за невести за сезоната есен 2014 година.
Дизајнерот повторно воодушевува со магични и шармантни фустани од тантела, раскошни материјали и модели какви што секоја девојка посакува да носи на најубавиот ден од животот.
Доколку воопшто се двоумевте за каков фустан да се одлучите за вашата свадба, сега дефинитивно ќе се инспирирате.
За момент, одморете од обврските и одвојте малку време за уживање во магичниот свет на Зухаир Мурад.