PFW: Модни „специјалитети“ од ресторанот на Шанел

11 март 2015

chanel

Деветтиот ден од модната недела во Париз помина во знакот на Шанел, но ништо помалку впечатливо претставување имаа и Валентино и Меквин. Затоа, направете пауза и уживајте во креациите со потпис на овие три куќи.

Шанел

Со секоја нова ревија се очекува нешто поинакво, спектакуларно од Шанел и Карл Лагерфелд како главен дизајнер и тие тоа ѝ го даваат на публиката.

chanel

Овој пат љубителите на модата беа „послужени“ во ресторанот на Шанел. Всушност, се работи за реплика на автентичната париска таверна Brasserie Gabrielle. Нема сомнение дека се работело до најситниот детаљ. Манекенките влегуваа преку ротирачка врата, а во центарот беше поставен кружен шанк, со келнери, кои ги послужуваа и посетителите  и манекенките, за кои беа поставени маси и столчиња. Подот беше направен од мозаик со логото на куќата, а голем дел од предметите од овој луксузен француски ресторан се направени од месинг.

chanel

-Ова е визија на Франција од гледна точка на странец, кој смета дека Франција и не е толку лоша. Да бев Французин ќе беше шовинистички и глупаво, но странец сум и затоа ова функционира – изјави Лагерфелд пред почетокот на шоуто.

chanel

А кога се модните „специјалитети“ во прашање, неизбежно беше големо количество на твид. Во колекцијата доминираат на некој начин, униформирани креации од здолништа кои се најчесто над или под колена, со препознатливото „шанел“ палто или кошула. Исто така, забележливо е и присуството на геометриски принтови, во различни бои, како и плетени парчиња. Колекцијата содржи и бомбер јакни, како и фустани со закопчување до половината. Секоја од креациите беше презентирана со ноншалантност, а речиси секоја од манекенките направи и селфи. Лагерфелд и овој пат стави акцент на неговите миленички Делевињ и Џенер.

chanel

Повеќето од модните додатоци се 3Д, а внимание привлече и чантата со тањири. Кога се обувките во прашање, Шанел се држеше до класиката – чевли во беж боја со црн врв и црна, препознатлива, коцкаста, Шанел потпетица.

chanel

Колекцијата содржеше за секого по нешто – од класични модели за повозрасни, преку оние со младешка нота, до креации што беа мошне волуменозни и непрактични. Иако факторот на изненадување при презентацијата на колекциите стана уште еден препознатлив знак на оваа модна куќа, сепак изгледа дека сето внимание оди токму таму. Восхитот од ресторанот, или претходно градината, феминистичкиот протест, супермаркетот, ги ставаат во втор план креациите, кои не секогаш успеваат да предизвикаат восхит.

chanel

chanel

chanel

chanel

Иако многумина ќе речат дека Карл прави шоу заради шоу, тој смета дека прави шоу заради моделите. Но, дали е навистина така?

Валентино

Ако кај Шанел беше впечатлив почетокот и начинот на кој манекенките влегуваат во ресторанот, на ревијата на Валентино највпечатлив момент беше крајот. Појавувањето на Бен Стилер и Овен Вилсон, актерите што ги толкуваат главните ликови во филмот Zoolander, кој ќе добие и свое продолжение, направи сите да зборуваат за оваа ревија.

Валентино

Но, ако зборуваме за она суштинското, за модата, тогаш мора да се напомене дека инспирацијата за оваа колекција за есен-зима 15/16 се култните уметници Емилие Флуге и Силија Виртвел, односно нивната работа и живот. Инаку, познато е дека Емилие била муза на Густав Климт, а одбивала да носи и создава крути корсети кои во тоа време биле задолжително парче. Токму затоа нежниот А-крој е доминантен низ целата нова колекција. Нејзиното влијание може да се воочи и преку крзнените капути.

Селија пак била на својот маж, дизајнерот Осиеј Кларк, но и сликарот Дејдвид Хокнеј. Таа за оваа колекција соработуваше со тимот на Валентино, а резултатот е фустанот украсен со мотиви на змеј.

Валентино

Нишката испреплетена од сензуалност и независност се проткајува низ целата колекција, која е поделена на неколку дела. Сепак, и покрај тоа што во еден момент има повторно акцент на богатите детали, генерално, тимот на Валентино понуди еден почист дизајн. Првиот дел од ревијата е посветен на монохроматска игра претставена на фустани, со должина до глужд. Иако е честопати среќавано, овој пат динамиката и контрастот помеѓу светлото и темното ја видовме низ призма на оваа модна куќа.

Валентино

Посебно впечатливи беа креациите со нежна тантела, што нè потсетија на романтичната нота што Валентино ја практикува, а која одново и одново ги освојува жените. Креациите во земјени и неутрални нијанси од една страна ја смирија динамиката на првиот дел, за потоа, во комбинација со украси од тантела и други ткаенини за момент уште повеќе да ја зголемат.

Валентино

На крајот, следуваа креации со префинетост и сензуалност, од кои веднаш добивате слика на една млада и вистинска Французинка. Нема сомнение дека модната куќа и овој пат успеа да ги исполни модните очекувања на публиката, како и да изненади на најпозитивен начин.

Валентино

Валентино

Валентино

Валентино

Валентино

Александар Меквин

Модната куќа Александар Меквин најави изложба, која е закажана за 14-ти март, насловена како „Убавината на пропаѓањето“. Токму во тој манир е и ревијата што вчера ја презентираа на модната недела во Париз. Ако очекувавте драматичност, уште на самиот старт ќе ви кажеме дека таа беше неизбежна.

Александар Меквин

Инспирацијата за колекцијата Сара Бартон ја најде во фотографиите на Дејвид Симс, поточно од неговата книга Visionaire, посветена на животниот век на розите. Токму оттаму првите креации беа во пудра-тонови, со плисирани материјали, преку кои се претстави пупката на розата.

И од една страна видовме креации во силни црвени тонови што ја претставуваат убавината и романтичноста на овој цвет, а од друга страна се оние во црна боја, што е директна асоцијација на пропаѓањето.

Александар Меквин

Бартон во оваа колекција ја комбинира тантелата и кожата. Динамичноста доаѓа во последниот дел од колекцијата со раскошните фустани во слоеви, што потсетуваат на оние од викторијанскиот период.  Токму во таков стил беше и шминката, што ја истакнуваше природната убавина и порцеланскиот тен. Но, косата беше тотална спротивност на шминката. Ако шминката ја потенцираше нежноста и убавината, косата имаше за цел да ја претстави суровоста. Разбушавени и лабаво „прикачени“, фризурите придонесоа за драматичноста.

Александар Меквин

Низ оваа игра на контрасти и животот на розата како централна инспирација, Сара Бартон успеа да ги спои убавината и несовршеноста од темата и препозатливоста естетика на брендот.

Александар Меквин

Во продолжение погледнете ја целосно ревијата на Шанел:

Објавено:
11 март 2015
Категорија: 
Колекции