Plus – size костими за капење од Манго за жени со облини!
•
24 март 2015
Plus – size линијата на шпанскиот бренд Манго, „Виолета“ конечно ја лансираше долгоочекуваната колекција на костими за капење за жени со облини.
Колекцијата костими за капење на совршен начин ја презентира прекрасната Кендис Хафин која изгледа одлично во парчињата во свежи и ведри бои.
Претходно, Кендис се појави на насловната на Вог Италија, но и во календарот на Пирели за 2015 година.
Овојпат, таа изгледа неверојатно секси во модерните и шик костими за капење на Манго, а егзотичната фотосесија е снимена во неповторливиот Маракеш.
Покрај костимите за капење, во колекцијата ќе најдете и прекрасни и тренди кафтани, лежерни фустанчиња, цветни комбинезони и модни додатоци почнувајќи со цени од 65 долари.