Погледнете го колоритниот резултат од соработката на Мајли Сајрус и Џереми Скот

11 септември 2014

Во рамки на њујоршката модна недела, конечно вчера се случи и ревијата на дизајнерот на Москино, Џереми Скот кој овојпат прикажа сопствена, неверојатно колоритна и помалку психоделична колекција за сезоната пролет – лето 2015.

Дел од презентацијата на неговата колекција беше и лансирањето на модните додатоци што дизајнерот ги направи во соработка со ексцентричната поп – сензација Мајли Сајрус која на ревијата се појави во краток топ и широки панталони од колекцијата.

Колекцијата модни додатоци Сајрус ја нарече „Dirty Hippie“, а истата изгледаше како да е направена од детски играчки и тон слатки шарени бонбони.

Сакајќи да докаже дека нејзината „уметност“ е сосема нослива, таа на себе имаше бројни пластични ланчиња, алки, брошеви, панделки, вештачки цвеќиња и волуменозна инсталација како украс на главата.

Дел од нејзината колекција се пластичните ланчиња и алки, различни животни во мини верзии носени како брошеви или едноставни украси, подароци од нејзините обожаватели, листови од марихуана како обетки и што уште не.

„Имам многу ситни работи низ домот за кои сметав дека би требало да се фрлат, но наместо да го направам тоа, јас се решив да ги искористав за нешто забавно што ме направи среќна“, изјави Мајли.

Заедно со нејзината мајка Тиш, Мајли го имаше главното место во првите редови на ревијата на Џереми. Дизајнерот пак, вчеравечер на пистата се чини дека порано го прослави тамошниот Halloween.

Целата колекција инспирирана од 60 – тите, беше составена од бројни фестивалски и забавни изгледи, претежно колоритни и со принтови, но во некои моменти и малку психоделични.

jeremy-scott15

Тој за следната сезона предлага куси лелеави фустанчиња, кратки маички, куси здолништа во А – крој, транспаренти и светкави панталони, долги наметки, но и куси цветни тренди јакнички.

 

Дел од изгледите дизајнерот ги комбинираше со високи колоритни мартинки во стилот на неговата муза Мајли Сајрус, но дел со влечки налик домашни со мече во централниот дел.

jeremy-scott11

Како што беше и очекувано, во публиката на презентацијата на дизајнерот седеа бројни познати личности и негови обожаватели како Ники Хилтон, Бела Торн, раперот 2 Chainz и други.

Објавено:
11 септември 2014
Категорија: 
Колекции