Најавеното заминување на Сара Бартон од модната куќа Александар Меквин дојде заедно со нејзина последна колекција.
По цели 26 години работа за Меквин, Бартон ја остави публиката и сите присутни со воодушевување и по некоја солза.
Последното шоу на Бартон ќе биде запишано во историјата како емотивно збогување, пред кое што ни самата Наоми Кемпбел не можеше да ги скрие емоциите кога чекореше во извонредната сребрена креација.
Сара не ја копираше визијата на покојниот Меквин, таа ја продолжи на најдобар можен начин давајќи феминистичка нишка на мрачната филозофија.
Бартон веднаш го освои модниот свет, а потврда за тоа беше и кога принцезата Кејт Мидлтон побара од неа да ѝ ја креира венчаницата што засекогаш ќе остане во сеќавање.
Колекцијата пролет/лето, како за крај, беше ода на Кралицата Елизабета и црвената роза.
Секако посветата беше за непрежалениот дизајнер кој прерано не напушти и неговата заложба да им се даде моќ на жените.
Корсети, силуети со нагласени колкови, црвена, златна и сребрена боја, деликатна тантела... вистински празник за очи чијашто традиција останува да видиме кој ќе ја продолжи.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram