Марија Грација Кјури, за својата пред-есенска колекција 2024-та, го одбра Њујорк, поточно Бруклинскиот музеј.
Оваа институција одлично се совпаѓа со нејзините феминистички ставови, со оглед на фактот дека е првото место со посебен женски оддел.
Токму Њујорк и послужи како инспирација за го редефинира она што Марлен Дитрих го носеше пред речиси 100 години оставајќи трајно модно наследство како филмска икона.
Фокусот беше ставен на генијални комбинации од црно-бели кроеви со остри рабови.
Тенки вратоврски, момчешки шапки, кожни бајкерски јакни, сафари палта и засечени елеци, на коишто се надоврзаа вообичаените тоалети од нежна металик нијанса, кристална монистра и мрежест финиш.
Кјури пред самото шоу сподели и неколку зборови за инспирацијата:
Њујорк од секогаш имал големо влијание врз мојот личен стил. Ги сакам спортските парчиња... и тексас елементите. Не дизајнирам колекции за специфични моменти. Повеќе размислувам за гардероба во која што секое парче може да се комбинира на различни начини и ставам фокус на она што може да се адаптира според ситуацијата.
Адаптибилно, комфорно со совршена доза на елеганција и поклон за едно модно наследство каде жената е на пиедестал.
Фото: WWD/Getty