Во гламурозниот хотел Плаза во Њујорк, вчера се одржа ревија на Каролина Ерера на која беше претставена колекцијата за пролет 2023. За време на ревијата, дизајнерот Вес Гордон истакна дека во 1984 година, и самата основачка на модната куќа приредила ревија на истата локација.
Гордон, кој веќе пет години работи како креативен директор во модната куќа Каролина Ерера, внимателно се одлучи на овој потег, одбирајќи ја локацијата за ревијата не толку како омаж кон наследството на Ерера, колку што всушност станува збор за силна верба дека тоа е вистинското место за неговата колекција.
Фото: Vogue
„Сега се чувствувам навистина удобно, како дома", открива Гордон за Vogue. „Клучот се состои во тоа само да прифатите да правите убава, среќна облека и да не се извинувате за тоа. Тоа чувство на радост е она поради што нашите клиенти доаѓаат кај нас".
Препознавајќи дека радоста е повеќе од потребна во овие тешки времиња, Гордон во својата колекција вметнува парчиња кои зрачат токму тоа. Цветни дезени испринтани на голем број материјали, вклучително и свила, нежен шифон, дури и цврст памучен габардин, и скулптурални силуети, впечатливи цветни детали доминираа на ревијата.
Фото: Vogue
Фото: Vogue
Фото: Vogue
Гордон ја заврши ревијата со креации со риги, плетки, тексас фустани, комбинезони, пар бели рачно хеклани стилови завршени со црна лента и истакна дека оваа негова последна колекција брои помалку фустани за специјални пригоди од вообичаено.
Фото: Vogue
Погледнете дел од креациите.
Фото: Vogue