Прва колекција од новата модна линија на Росица Мршиќ Essentials Collection

9 март 2015

Македонската дизајнерка Росица Мршиќ ја претстави првата колекција од нејзината нова модна линија Essentials Collection.

Истата е составена од вкупно 13 секојдневни парчиња наменети за девојки и жени кои сакаат практична облека со модерен и впечатлив дизајн.

Преку оваа колекција, дизајнерката сака да понуди модни парчиња што можат да станат дел од сечија женска гардероба по многу достапни цени.

Низ парчињата од колекцијата се провлекува добро познатиот стил на дизајнерката, која со оваа колекција сака да допре и да ги освои сите оние жени кои сакаат да го надополнат секојдневниот изглед со лесна доза на екстраваганција.

Кај парчињата од новата колекција на Мршиќ доминира карираниот дезен во претежно зелена боја кој таа го комбинира со здолништа со интересен и несекојдневен крој во окер и сива боја.

Дел од колекцијата на дизајнерката се и слатки секојдневни фустанчиња во црна и сива боја, но и одлично скроени панталони комбинирани со интересни блузички во горниот дел.

Парчињата од колекцијата се достапни во студиото на дизајнерката, бутикот Виа, Лотус Дизајн продавницата во Сити Мол и преку онлајн порталите на www.bastetnoir.com и Etsy.

Објавено:
9 март 2015
Категорија: 
Колекции