Разиграни принтови во новата колекција на H&M

2 февруари 2016

Кога ги разгледувате фотографиите од пролетниот лукбук на шведскиот гигант H&M за линијата Studio, добивате чувство како тука да е истурена една цела уметничка палета бои.

Низ колекцијата преовладуваат принтови во различни комбинации, а парчињата се удобни и лежерни со повремени етно мотиви.

„H&M колекцијата за линијата Studio за пролет/лето 2016 година е авантура со стил. Нашата девојка секогаш истражува, било да е низ градските или низ патувањата во својот живот. Ги комбинира функционалноста и женственоста, спортска и свечена облека, и што и да носи на себе, изгледа занесно", вели директорката на дизајн во модната куќа, Пернила Волфат.

Доколку уживате во кафтани, макси фустани и бохо кошули, тогаш оваа колекција е вистинска привилегија за вас.

Објавено:
2 февруари 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
2.145 пати