Red Valentino ресорт линија – внуките го наследуваат стилот на бабите
•
4 јуни 2016
Новата ресорт колекција за 2017 година на Red Valentino е естетизирана верзија на стилот на нашите баби, а е инспирирана од еклектичната костимографија во филмот „Grey Gardens".
Линијата се состои од предимензионирани капути, широки здолништа и плетенини комбинирани со џинс со везени мотиви и животински принтови.
Аутфитите се комбинирани со отворени сандали облечени врз чорапи или чевли на високи, дрвени платформи.
Интересно е тоа што естетиката на Red Valentino станува се поблиска до базичната автентичност на главниот бренд Валентино, а оваа последна ресорт колекција е видлив доказ за тоа.