Ретро модна прогноза на Левис за есен-зима 2014/15

4 август 2014

Популарниот и култен американски  бренд Левис, ја промовира својата најнова есен-зима колекција за 2014/15 година, која нормално изобилува со џинс парчиња за мажи и жени. Дека и од Левис се водат по моменталните модни тенденции, доказ се комбинациите споени од горни и долни тексасни парчиња како фармерки, кошули, јакни и елеци.

Но, овојпат од Левис решија да се навратат кон минатото, а со тоа посочија и дека фармерките со ѕвонести ногавици повторно ќе бидат „Ин“.

 

Секако, моделот 501 е неизоставен, а покрај моделите „ѕвонарки“, тука се и оние во „цигара“ крој, кои пак не потсетуваат дека сепак станува збор за тековна и актуелна колекција.

 

Објавено:
4 август 2014
Категорија: 
Колекции