LVMH наградата е веројатно една од оние што младите дизајнери најмногу ја посакуваат, бидејќи може да ве вивне во модното небо со брзина на светлината.
Последната добитничка на ова важно признание е младата албанска дизајнерка Ненси Дојака, која пак вчера во рамки на Модната недела во Лондон имаше своја голема самостојна ревија. Иако ова не е нејзинот прво учество на настанот, сепак ќе го памети многу повеќе од останатите.
Како пренесуваат странските модни медиуми, интересот за истата бил огромен, како и посетеноста - и од страна на медиумите, но и гостите, со што е еден од главните фаворити на оваа модна недела.
Во колекцијата што ја претстави, остана доследна на комбинација на облека и на долна облека, спој за кој модните стручњаци велат не само што е популарен, туку содржи суптилна еротичност и е мошне деликатен за изработка.
Меѓу моделите се ангажирани и оние со некој килограм повеќе и со различни типови градба, бидејќи како вели Дојака, сакала да создаде нешто со што секоја жена ќе знае дека може да изгледа така добро и секси.
Инаку, таа меѓу светските ѕвезди станува популарна благодарение на Емили Ратајковски и Кендал Џенер, кои меѓу првите носат нејзини фустани и ја популаризираат, а потоа и Каја Гербер, . И кога ќе ја разгледаме подетално колекцијата, таа навистина како да е создавана за овие две ѕвезди.
Користени се меки и нежни ткаенини, во комбинација со цврсти како сомотот, од кој се создадени на пример црните одела.
За потсетување, стручното жири во состав - Вирџил Абло, Џонатан Андерсон, Марија Грација Кјури, Марк Џејкобс, Ким Џонес и Стела Макартни, како и дел од челните луѓе на Луј Витон, групацијата LVMH и „Диор", одлучи дека најдобрата од речиси 2.000 млади дизајнери кои се пријавија на конкурсот е албанската дизајнерка Ненси Дојака.
Комплетната колекција можете да ја погледнете во галеријата на почетокот од текстот.
Тоа ѝ донесе 300 илјади евра и година дена менторство во LVMH групацијата, а после речиси неполна половина година, Ненси покажува дел од резултатот од таа награда.
Погледнете:
Целата колекција можете да ја погледнете на почетокот од текстот.