Рок – шик според дефиницијата на Сен Лоран

24 ноември 2014

Веќе знаевме дека Сен Лоран е еден од најкул брендовите во светот, но со новата шик колекција инспирирана од 70 – тите, тие го одведоа зборот „кул“ на едно повисоко ниво!

Прекрасните 70 – ти како вистинска модна револуција, беа водечка сила за Хеди Слиман кога ја создаде бохо колекцијата за Сен Лоран за која повторно како заштитно лице се одлучи да ја ангажира уникатната Хартсел Грејс.

За нивната нова приказна да биде уште подобра, фотографиите од кампањата се црно – бели и на единствен начин го прикажуваат секој бохо детаљ содржан во колекцијата наречена „Psyche Rock“.

Уште еднаш, дизајнерот покажа вистински rock 'n' roll, кој всушност стана новата ДНК на модната куќа, пишува Buro 24/7.ru.

Парчињата од колекцијата се уникатно олицетворение на омилените трендови на девојките ширум светот, па така, во истата ќе најдете лелеави куси и долги бохо фустани, широки кошулки со принт, кожени јакни со реси, бела тантела, кожени чанти со реси, помалку вештачко крзно, но и уникатни модни додатоци.

Она што како тренд се провлекува низ неколку парчиња од колекцијата на Сен Лоран е принтот со ѕвезди што ќе се истакне како еден од омилените и најпродавани сезонава.

Овој принт стана особено популарен со фамозниот син Валентино фустан, на кој дизајнерот во долниот дел аплицираше ѕвезди, омилени кај светските ѕвезди од шоу бизнисот.

Во продолжение нека ве хипнотизира „психо – рок“ колекцијата на брендот.

Објавено:
24 ноември 2014
Категорија: 
Колекции