Розата главна хероина во haute couture колекција на Армани

7 јули 2023

Неколку дена пред да наполни 89 години, легендарниот дизајнер Џорџо Армани ја претстави новата haute couture колекција во Париз.

Несомнено хероина во сета модна приказна беше розата која одлично се вклопи во резервираниот гламур на дизајните.

Како да се насетуваше духот на стариот Холивуд, на сликите зад малите екрани низ кои секој лик сјаеше.

И повторно рози, рози извезени во раскошни тоалети, рози на блејзери, печатени рози, рози на наметки, рози брошеви, копчиња, чокери...

Некои не беа ни црвени, туку обоени во злато, црни, мултиколорни, сребрени, црни...

И тука некаде се најде и Армани смокингот со симболични рози копчиња, што ќе одговара и на предимензионираните јакни.

Поклон за големиот дизајнер чијашто креативност не згаснува.

Фото: Vogue

Објавено:
7 јули 2023
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
269 пати