Уникатната руска дизајнерка Вика Газинскаја го објави лукбукот за новата пролет/лето колекција во која уште еднаш смести прекрасни волуменозни парчиња со детали веќе препознатливи за неа.

Нејзините креации се познати по тоа што секогаш се неверојатно опуштени и немаат строго нагласени силуети, освен во делот на половината, што е случај и овојпат.

Колекцијата е навистина пролетна, создадена од нежен, памучен материјал нагласен во делот кај рамениците и половината.

Речиси сите парчиња неодоливо потсетуваат на прекрасна селска идила, а токму такви мотиви се поставени и на некои од нив. Што се однесува до палетата на бои, преовладуваат белата, кремот и светло сината.

И во оваа колекција може да го видиме нејзиниот препознатлив стил кај предимензионираните парчиња, балонерите, кошулите со широки ракави и широките фустани со ремени на средината.

Во продолжение ви ја презентираме неверојатно женствената колекција на дизајнерката, во која покрај добри парчиња, може да најдете и интересни чевли, настрана белите влечки.

Објавено:
9 октомври 2015
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
503 пати