Шанел на Модната недела на Висока мода: Исклучителен декор, боемска невеста, многу естетика од 1930-тите

6 јули 2022

За својата ревија на Висока мода есен-зима 2022-2023 година, куќата Шанел ја напушти палатата Grand Palais Éphémère и се пресели во Étrier de Paris, во Bois de Boulogne.

Шанел го започна вториот ден од Модната недела на Висока мода со грандиозна ревија оркестрирана од Етриер де Париз и по втор пат го пат го повика Хавиер Веилхан со кого претходно работеше за декорацијата на колекцијата на Висока мода пролет-лето 2022 година.

Комбинирајќи виртуелни и физички простори, колекцијата на Висока мода есен-зима 2022-2023 година беше презентирана на незаборавен и исклучително уникатен начин, на патеки опкружени со скулптури на надувување.

Фото: Vogue

Креациите кои зачекорија по патеките неодоливо потсетуваа на естетиката од 1930-тите, а особено на парчињата што ги дизајнираше Мадемозел Шанел во текот на оваа модна деценија, додека пак претставениот накит користеше елементи од колекцијата Haute Joaillerie од 1932 година, кои совршено се вклопуваат со тоалетите со тантела. Ова претставуваше уште еден начин да ѝ се оддаде почит на историјата на куќата и особено на првата и единствена колекција Bijoux de Diamants создадена во 1932 година од Коко Шанел.

Фото: Vogue

 Фото: Vogue

Во рамките на ревијата, Шанел ја претстави и својата колекција на каубојски чизми кои потсетуваат и на ревијата на Високата мода пролет-лето 2022 година на Шарлот Казираги, додека пак главниот акцент на ревијата беше ставен на Невестата Шанел, која овојпат беше отелотворена од Џил Кортлев. Облечена во неверојатен беспрекорен фустан без прерамки, надополнет со шал кој ги покрива нејзините раменици и современ горен дел, музата на куќата ја затвори ревијата на високата мода на Шанел есен-зима 2022-2023.

Фото: Vogue

Фото: Vogue

 

 

Објавено:
6 јули 2022
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
268 пати