Шармантната ретро колекција на Валентино нè навраќа во 70-те во Рим

28 мај 2018

Ретро шарм проткаен низ изобилство од принтови, ја дефинира новата ресорт колекција на Валентино со која дизајнерот Пјерпаоло Пичоли реши да нè прошета низ улиците на Рим, истовремено навраќајќи нè во 60-те и 70-те години.

Стилскиот белег на овие две декади е редефиниран во урбана, модна целина во која еклектичниот микс на бои, дезени, форми, и кроеви, добива нов модередн призвук, адаптиран на стилот на современите жени.



Логоманијата што повторно се актуелизираше минатата сезона, е доминантно присутна, па името на брендот ќе го прочитате во секој детаљ и на секое парче облека.

 

Модните додатоци веројатно го даваат носечкиот печат на оваа колекција, предимензионираните очила и марамите што се комбинирани на различни начини – а важат и за една од водечките тендеции годинава.

Објавено:
28 мај 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.071 пати