Шик и модерни парчиња од Зара за софистицирани мажи

29 октомври 2014

За оваа сезона, Зара понуди машка колекција во која доминираат класични парчиња надополнети со креации во спортска конотација, а особено внимание привлекуваат зимските и кожени јакни со крзнени детали. Со цел да се промовираат новите парчиња од модниот бренд, а истовремено да се прикажат стајлинзи кои се актуелни, во проектот се вклучени различни профили на мажи, односно, стилистот за коса Џон Нолет, уметникот и фотограф Дејвид Китз, Џејмс Рингтон од групата „Klaxons“, моделот Хјонг Сеоп и сопственикот на агенцијата „Paper Mache Tiger“, Кајл Робинсон.

Судејќи по колекцијата, Зара оваа есен акцентот го има ставено на префинетиот дизајн на јакните, па макар и во спортски стил. Изгледот може да се комплетира со патики, или пак за елегантен доем, со кошула и рамни чевли. За оние мажи кои ја негуваат класиката, тука се сакоата и капутите со строг крој. Исто така, покрај црната, доминантни се и парчиња во топли нијанси, а од модните додатоци, посебно внимание привлекува црниот ранец. За дополнителна инспирација,погледнете ги фотографиите во продолжение.

Објавено:
29 октомври 2014
Категорија: 
Колекции