Шоуто на Dsquared2 финишираше со лудачка кошула

16 јануари 2014

Dsquared2 на машката модна недела во Милано на својата публика и понуди драматично шоу. Целата сценографија иронично го импровизираше студенилото на затворските ќелии, моделите играа улога на затвореници, а ревијата кулминираше кога во финишот се појави манекен во импровизирана лудачка кошула.

Плетени црни капи, избледен џинс, парчиња од кожа, јакни во интензивна портокалова боја –имиџот на обичниот човек во големиот град потсетуваше на голема шега на браќата Дин и Ден.

 

Шоуто започна со интелегентен микс на „работничкиот“ изглед со широки блузони со натпис од логото на брендот, продолжи со кожени јакни во различни должини, а она што се издвојуваше од целосната слика беа костумите изработени од сјаен сатен со кои се затвори шоуто.

 

 

Објавено:
16 јануари 2014
Категорија: 
Колекции