Сите нијанси на црно во новата колекција на Живанши

7 јуни 2022

Дизајн изведен од инстинкт, вака есенцијално би можеле да ви ја доловиме новата ресорт колекција на Живанши.

Така ја доживува и пренесува и креативниот директор на брендот, Метју Вилијамс, кој запрашан од Вог што стои како инспирација, вели:

-Навистина дизајнирам инстинктивно, тоа што мислам дека е кул, како гледам како жените се облекуваат...

И навистина оваа колекција е кул. Особено за новата генерација, која под кул подрабира едноставно, ама и секси.

Ќе ги видите сите нијанси на црната боја. Црно кожено здолниште, црн сет од сако и панталони со бикини топ, црн припиен фустан кој можеби е и најблиску до елеганцијата на Живанши. И да заклучокот е дека црната е навистина забавна боја.

Особено како Вилијамс ја прикажува преку сетови во кои се пресретнуваат генерацијата на млади моќни жени и дами кои имаат свои правила на игра.

Вилијамс ја пронашол моќта во едноставноста, особено кога таа едноставност е облечена во црно.

 

 

Објавено:
7 јуни 2022
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
412 пати