Сѐ што посакуваме за оваа пролет – нова колекција на ЕЛЕНА ЛУКА

21 март 2022

Инвентивна во секоја своја модна замисла, ЕЛЕНА ЛУКА носи возбуда секогаш кога ќе најави нов проект или колекција.

Овојпат во фокусот на етаблираната модна куќа е новата пролет-лето сезона и целата свежина и колорит што го носи со себе.

Токму таков е карактерот и на новата Ready to wear SS'22 колекција во која се пресретнуваат слободата на индивидуалноста што ЕЛЕНА ЛУКА секогаш ја потенцира преку уникатниот дизајнерски концепт и атрактивните пролетни тенденции илустрирани преку ултра модерни креации.

Секоја дама која препознава вредност во модниот дизајн, на прв поглед ќе ја воочи смелоста и модерната естетика што ја дефинираат оваа пролетно-летна линија обоена во свежи и претежно светли нијанси и дезени што говорат за оптимизам и потребата да се истакне индивидуалноста.

А таквиот интензивен колорит во совршена хармонија е прилагоден на идејата на ЕЛЕНА ЛУКА за пролет во која ќе владее женственоста во сите нејзини изданија: елегантна, романтична, урбана, софистицирана, деловна, егзотична – сите обединети со една заедничка нота на карактерност и самодоверба.

„После еден подолг период на изолација, конечно имаме пролет со толку многу симболика во себе. Пролет како метафора на слобода, свежина, богатство од бои, текстури, дезени и мириси,... Богата инспирација која ЕЛЕНА ЛУКА ја рефлектираше во една сензуална, женствена колекција во која верувам дека ќе се пронајдат сите дами независно од тоа на која генерација ѝ припаѓаат, но точно знаат што сакаат и тоа го препознаваат во авангардата која ЕЛЕНА ЛУКА им ја нуди. Направивме еден сплет на актуелни модни тенденции репрезентирани преку добро познатиот естетски вкус на ЕЛЕНА ЛУКА, каде дизајнерската уникатност на брендот е главниот белег. Ова апсолутно ќе биде пролет во која ќе владее женственоста", вели г-ѓа Елена Пандева, сопственик и генерален менаџер на ЕЛЕНА ЛУКА.

Г-ѓа Елена Пандева, сопственик и генерален менаџер на ЕЛЕНА ЛУКА

Колекцијата ја сочинуваат фантастични дизајнерски парчиња изработени од ексклузивни материјали, кои одговараат на потребите на современите и динамични жени, полни со самодоверба која говори преку нивниот стил.

Романтичната и бохо естетика ќе ви го привлече вниманието преку лелеавите мини и миди фустани, во лежерни кроеви, што може да ги комбинирате и во дневни и во вечерни варијанти, со џинс јакна или пак со елегантен блејзер.

Елегантните дводелни сетови, со краток топ и женствените здолништа со висок струк, се идеална стилска замисла во секоја ситуација кога сакате да оставите силен моден печат.

Моделот на кошула-фустан со асиметричен страничен отвор, комбинацијата со елегантни панталони и топ акцентиран со странично поставени панделки, егзотичните макси фустани изработени од пријатен лен во интензивни нијанси се „Must have" стилски избор, што на оваа сезона ќе ѝ донесат нова модна димензија.

Ние веќе ги одбравме нашите фаворити, во кои е направен спој меѓу актуелните тенденции и естетската функционалност, а сето тоа со препознатливоста на ЕЛЕНА ЛУКА.

Целата колекција е достапна во продажба во изложбените ателјеа на ЕЛЕНА ЛУКА во Скопје и Струмица, како и на онлајн продавницата www.elenaluka.com, каде со еден клик омилениот брендиран дизајн ќе биде ваш.

 

 

 

Дополнително фотографии од Ready to wear SS'22 колекцијата на ЕЛЕНА ЛУКА, погледнете во галеријата во продолжение.

Објавено:
21 март 2022
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
911 пати