Со елегантни костими и многу темни бои заврши париската модна недела за мажи

20 јануари 2014

Елегантните костими и парчињата облека во многу темни бои го означија крајот на париската модна недела за мажи за есен/зима 2014 година.

kenzo kenzo

Светските дизајнери претставија колекции во кои се чинеше дека нема многу свежина и новитети, освен се разбира во онаа на Кензо.

Црната, кафената, сивата и темно сината боја преовладуваа скоро во сите колекции, а костимите беа главното обележје на истите. Она што нас многу не радува што следната сезона мажите ќе бидат поелегантни од било кога, иако во многу темни бои.

Во продолжение погледнете што им подготвија дизајнерите на мажите за сезоната есен/зима.

Ланвин

lanvin lanvin

Модната куќа Ланвин за следната сезона за мажите покрај костимите во неколку свежи бои, подготви и куси тренди јакни во црна боја, интересни долги палта во темно сина, кафена и бела боја како и машки панталони со супер крој за кои се чини дека најмногу и се допаднаа на публиката. Како моден додаток што се провлекуваше низ целата колекција беа машките долги шалови, но и интересните ранчиња со кои тренди мажот ќе го гледаме низ улиците следната есен и зима.

Сен Лоран

sen loran sen loran

Брендот ја претстави според многумина најсовршената колекција на оваа модна недела. Скоро сите парчиња од истата беа неверојатно носливи, а таа се состоеше од машки елегантни костими во црна боја, тренди машки сиви капути, џемпери и неколку кожени палта. Она што беше интересно беа деталите што се состоеја од шалови со интересна плетка, моменти со животински принт на јакните како и супер тренди чевли и очила за сонце за следната сезона.

Пол Смит

pol smith pol smith

Ова беше колекцијата со можеби најголемиот број парчиња со принт што внесоа барем малку разиграност во машката мода за следната сезона. Животинските принтови, но пред се музичките ноти се чини дека биле омилената инспирација кај дизајнерот. Ваквите принтови можеа да се видат на голем број од палтата, јакните, кошулите и џемперите за следната сезона. Што се однесува до боите, темно сината, сивата, портокаловата, темно црвената, виолетовата и секако црната, преовладуваа во целата колекција.

Баленсијага

balensijaga balensijaga

Колекција дизајнирана од тим под контрола на Александар Ванг, во која апсолутно присутни беа само црната и темно сивата боја на сите модели. Кожените палта беа едни од најприсутните во колекцијата покрај, се разбира, костимите со беспрекорен крој што мажите ќе ги обожаваат. Машките ролки беа чести во колекцијата во комбинација со кусите или долги палта и капути со супер крој и во темни бои.

Хермес

hermes hermes

Костими, ролки, палта, капути и тренди и шик машки јакни беа парчињата што ја обележаа колекцијата на Хермес. Од модната куќа претставија ултра нослива колекција за која веруваме дека ќе им се допадне на сите мажи. Панталоните со супер крој и чевлите исто така беа нешто што преовладуваше во целата колекција во која се чини како да немаше некое лошо парче.

Кензо

kenzo kenzo

Колекцијата на Кензо на пистата беше олицетворение на тоа како денеска треба да изгледа модерниот маж. Единствено во оваа колекција имаше повеќе или помалку свежи бои како жолта, сина и бела. Добро познатите и омилени принтови на брендот се провлекуваа во неколку парчиња од колекцијата, а најдопадливи според многумина беа елегантните костими презентирани во комбинација со тренди машките јакни и капути.

Балман

balman balman

Војничкиот стил на парчињата во темно зелена боја беа оние што преовладуваа во колекцијата на Балман. Скоро сите парчиња од колекцијата беа навистина носливи и истите изгледаа совршено на машките модели. Куси јакни, широки војнички панталони, кошули и по некој џепмер во супер бои беа само некои од парчињата во колекцијата.

Dior Homme

dior dior

Костими, костими и само костими! Колекцијата на Диор беше дефинитивно најелегантната од сите излагања на овогодинешната париска модна недела за мажи. На пруги, точки, комбинација од двете – костимите преовладуваа во целата колекција. Темно сината боја, светло сината и војнички зелената, преовладуваа во целата колекција. Покрај костимите, Dior Homme, претстави и супер тренди палта, капути и јакни, како и чевли со интересни детали.

Објавено:
20 јануари 2014
Категорија: 
Колекции