Со шоуто на Луј Витон заврши модната недела во Париз

3 октомври 2013

1

Со драматична, класична музика и екстравагантни модели, започна шоуто на Луј Витон. Темните бои доминираа, па дури посетителите имаа впечаток дека се на погреб, што некои го поврзаа со заминувањето на Марк Џејкобс, но директорот Мајкл Бурк вели дека тоа не е замислата - напротив, треба да се слави успехот на Џејкобс, како и на целата компанија.

Но, не само сценографијата и кај парчињата доминираат темните бои, графитите се централен дел од колекцијата. Кога се чевлите во прашање, рамните чизми до глужд се императив.

Иако многумина темнината ја оценуваат како лош знак, овде означува дека сите ги очекува нов почеток и Џејкобс и самиот бренд.

На последниот ден од модната недела во Париз се претставија и Миу Миу и Ермес со коелкциите и трендовите за пролет-лето 2014, а во продолжение погледнете ги фотографиите од шоуто за кое сите зборуваат.

Ви се допаѓа ли најновото од Луј Витон?

Објавено:
3 октомври 2013
Категорија: 
Колекции