Стела Мекартни има магична ресорт колекција за 2019

26 јуни 2018

Една од најпочитуваните дизајнерки во светот, Стела Мекартни, повторно нè почести со фантастична ресорт колекција полна носливи парчиња.

Оваа колекција и онаа за мажи таа ги прикажа на фантастична забава во Милано со прекрасна градина скриена во центарот на градот.

„Оваа ресорт колекција е славење на сето она за што модната куќа се бори долги години – да ја направиме индустријата позначајна, поодговорна и насочена кон еко стандардите“, изјави дизајнерката во интервјуто пред прикажувањето.

Доколку подобро погледнете, ќе видите дека навистина во оваа колекција се сместени сите елементи по кои дизајнерката досега е позната, совршената врска помеѓу машкоста и женственоста, спортското и уличното, градското со елементи од село.

Во колекцијата дизајнерката смести неверојатно женствени панталони и костими, тантелни и романтични фустани, комбинезони, многу парчиња со шик реси, долги мантили и капути, доста спортски и плетени парчиња и секако, кул обувки и модни додатоци.

Доколку досега немавте можност да ја погледнете новата колекција на фантастичната дизајнерка, денеска имате можност да го сторите тоа.

Извор и фото: WWD

Објавено:
26 јуни 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
503 пати