Стела Мекартни е позната по нејзините впечатливи колекции во кои секогаш вметнува парчиња кои ја отсликуваат силната жена, а овојпат и маж.
За следната пролет таа дизајнираше навистина интересни, помалку машки парчиња кои раскажуваат една поинаква приказна за реалните жени.
На пистата можевме да видиме стилски парчиња без многу помпезност, по кои и всушност е позната дизајнерката.
Самата колекција таа ќе ја опише како спој на сила, нежност и женственост, што можеби се совршените зборови за парчињата што ги видовме на ревијата.
Како и секогаш, дизајнерката се грижи за околината и во оваа колекција внимателно ги одбираше материјалите и најмногу користеше органски памук и рециклиран најлон, со што докажа дека „одговорната“ мода е соодветна и за во реалниот живот, но и за на црвен килим.
Дел од колекцијата беа интересни цветни комбинезони, широки женски костими, машки палта во неодолива зелена боја, стилски војнички панталони и кошули, но и романтични фустани совршени за пролетните денови.
Целата колекција погледнете ја погоре во галеријата.
Фото: WWD