Так.Ори: Колекција во духот на 1920-тите

18 јули 2014

Светлана Такори е основачот на веселиот бренд Так.Ори, а воедно беше еден од деветте финалисти на изборот за млади талентирани дизајнери насловено како „Who is on next“. Изборот е на интернационално ниво, поддржан од Вог Италија, и иако Светлана не победи, таа чест ја имаше Сицилијанецот Салваторе Пичони, сепак тоа не ја спречи оваа млада дама да ја изрази својата креативност и тоа на мошне успешен начин.

Такори на мошне интересен начин ја презентираше колекцијата за актуелната сезона пролет-лето, истата со која се претстави и пред италијанското жири. Со оглед дека инспирацијата за нејзиното создавање се 1920-тите, токму и визуленото претставување е во тој дух.

Жерсе, плетени материјали, пиџама палта и панталони, како и се она што подразбира исклучок на корсети и било какви стеги се содржи во оваа колекција. 

Во продолжение ви ја претставуваме колкецијата на Так.Ори, која веќе освои симпатии кај многумина.

 

Објавено:
18 јули 2014
Категорија: 
Колекции