Топшоп со магична божиќна колекција

11 декември 2013

 

Топшоп ја презентираше новата божиќна колекција и понуди свои верзии на комбинации за божиќните и новогодишните забави. Карактеристични за оваа линија се предимензионираните топови со цветни принтови, фустани со светки, кадифени сакоа со кожени детали и палта од вештачко крзно.

 

 

Боите кои преовладуваат се црната, темно сината, смарагдно зелената во комбинација со многу светкави елементи, кои се комбинираат со златни или блескави модни додатоци, за оние кои ќе ги носат креациите да ја имаат таа можност вистински да заблескаат за најлудата ноќ во годината.

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
11 декември 2013
Категорија: 
Колекции