Вака Џон Варватос го замислува елегантниот маж

27 август 2014

collage1

Познатиот дизајнер Џон Варватос неколку сезони ја истражуваше идејата за елеганцијата. Како вели, неговите клиенти сакаат да се дотераат.

Презентирањето на машката колекција за актуелната сезона, започна со црно одело, кое истовремено содржи и елементи на класичен рокер и регенство. Освен одела, во колекцијата се застапени и јакни кои се малку подолги од вообичаено, со нитни во пределот на половината. Палатата се со едноредно и дворедно закопчување и струкирана линија, но не екстремно.

9

Исто така, поголемиот дел од панталоните се со должина до глужд, еден од актуелните трендови.

Од боите доминираат црната, нијанси на сива и тегет, а има парчиња во црвена и бела боја. Елечињата се исто така едно од парчињата што Варватос ги предлага за овој период.

Во продолжение погледнете ја комплетната колекција.

Објавено:
27 август 2014
Категорија: 
Колекции