Пјерпаоло Пичоли неодамна ја лансираше пред-есенската коелкција за „Валентино“, која како открива, ја посветува на хотелот „Челси“ во Њујорк.
Самиот факт дека во тоа здание престојувале големи уметници меѓу кои Жан Пол Сартр, Едит Пјаф, Енди Ворхол, Боб Дилан, Еди Седвик, било сосема доволно за инспирација за цела колекција.
-Ми се допаѓаат приказните што се случувале во ова место во 1960-тите, односно 1970-тите, како и идејата за утописки соништа – вели дизајнерот.
Во колекцијата доминираат црната и бургунди нијансата, што алудираат на фасадата на хотелот од цигли. Овој пат отсуствуваа флоралните мотиви и везеници, со што Пичоли прикажа една нова приказна.