Младиот дизајнер Вес Гордон пролетната колекција за 2014 ја создаде инспириран од 1990-тите и покрај тоа што тогаш бил само бебе. Она што него го фасцинира од оваа декада е елеганција и супермоделите, а токму тоа сакал да го постигне и при презентирање на своето модно шоу.
Голем дел од моделите се минималистички и во монохроматски нијанси. Мешање на прентови и материјали речиси и да нема, освен со вментувањето на тантелата во одредени комбинации. На дел од парчињата има и сваровски кристали, што секако дополнително придонесуваат за гламурозноста и елеганцијата.
Сепак, иако примарно ја потенцираше таа страна на облеката, во колекцијата се содржат и лежерни парчиња, за секојдневен изглед, а и плетените материјали не се реткост.
Можеби неговата едноставност и минималното експериментирање некој ќе ги препише на младоста и недоволното искуство и модна храброст. Но, од друга страна, не може да се рече дека неговата естетика не функционира, не е тренди и нема да привлече голем број дами што ќе се пронајдат. Напротив.
Во продолжение погледнете ја колекцијата и кажете ни го вашето мислење.