Воздушеста детска колекција на Оскар де ла Рента

21 јуни 2014

Во својата пролетна колекција за деца за актуелната сезона, американскиот дизајнер Оскар де ла Рента си игра со слободните кроеви на детските фустанчиња кои добиваат лелеави и воздушести лесни форми, токму како и безгрижната детска игра.

Колекцијата вклучува едноставни памучни маички со весели принтови, романтични фустанчиња во светли бои украсени со панделки, панталони со должина до под колената, како и карирани кошули.

Речиси стана непишано правило, сите светски дизајнерски имиња покрај нивните сезонски колекции за возрасни, да креираат и линии специјално наменети за деца, а кои сепак ќе го носат препознатливиот дизајнерски печат.

 

Објавено:
21 јуни 2014
Категорија: 
Колекции