Вториот ден од Париската модна недела во знакот на спортската елеганција

25 септември 2014

collageglavna

На вториот ден од модната недела во Париз се презентираа веќе докажани имиња од модната сцена, што го направи овој ден мошне привлечен за сите оние што го следат модниот свет. Алексадар Ванг за Валенсијага, Вионе, Соња Ракел, Дрис Ван Нотен, Рошас и Алексис Мабиј ги пркажаа своите замисли за пролетните трендови. Она што ги поврзуваше повеќето е доминацијата на црно-белите комбинации, како и спојот на спортскиот и елегантниот моден израз.

Баленсијага

collagebalensijaga

Александар Ванг ова лето беше присутен на Tour de France, па не е чудо што впечатоците од велосипедскиот  свет се пренесени на писта. Така, пролетно-летната колекција што вчера беше претставена на Париската модна недела содржи тесни панталони, маици припиени за тело и исто такви фустани, што веднаш асоцираат на опремата на велосипедистите. Во тој дух се и обувките - влечки на врзување. Речиси сите модели се украсени со вез и геометриски линии и се во класични, црно-бели варијанти. Сепак, колекцијата е спој на спорт и елеганција, во што многу жени веројатно ќе се пронајдат. Така, комбинезони, широки палта, широки здолништа со мониста се исто така дел од оваа приказна на Ванг за Баленсијага.

Вионе

collagevionnet

Куќата препознатлива по Високата мода, и за следната пролет понуди елеганција, во црни, бели и бледо златникави нијанси. Она што можеа љубителите на модата вчера да го видат е замислата на дизајнерскиот тим за тоа како би изгледал еден сегмент од модата за околу 500 години нанапред. Така, долгите плисирани фустани доминираат, иако застапени се и кусите, а исте искомбинирани со модни додатоци со футуристичка нота. Но, и покрај тоа што се осврнале кон иднината, нивните замисли и модели во гола мерка се безвременски и моментално мошне модерни, па ако се има тоа предвид, значи дека за 500 години нештата и нема многу да се сменат.

Sonia by Sonia Rykiel

collagesonia

Розовата боја отсекогаш имала посебен третман и место во ревиите на Соња Рикел, а така е овој пат. Бојата доминира, но е во комбинација најчесто со зелената, со што дизајнерката понуди еден свеж изглед. Целата колекција изгледа мошне младешки и модерно за што освен комбинацијата на боите, придонесуваат и плетените макси фустани, широките дрес-фустани до колена, пижама комплетите, тесните панталони, кратките јакни. И ако широкиот прав фустан со коминација на црна, бела, зелена и розова боја е нешто во што би можела речиси секоја парижанка да се замисли, не би можеле да го кажеме истото за парчињата со изразена спортска нота. Но, во секој случај, Соња успеа да ја реализира својата замисла и да создаде интересна колекција во која жените од другите европски градови и тек како ќе се пронајдат.

Алексис Мабиј

collagealex

Дизајнерот понуди една едноставна и женствена колекција. Комбинацијата е сведена на бела, црна/тегет, светлосина и светлосива. Парчињата се модерни и носливи, па тесните панталони во комбинација со кошула, кимоно фустаните, како и оние малку поспортските, шорцевите исто така во комбинација со кошули, како и мини здолништата се нешто што секоја жена би требало да го има во својот гардеробер следната сезона. Алексис презентираше и неколку макси фустани за свечени пригоди. Но, поголемиот број од моделите се такви да можат да се комбинираат и за деловни и за дневни и вечерни пригоди.

Рошас

collagerochas

Рошас презентираше цветна колекција изработена од транспарентни материјали, како свила, жоржет, тантелата исто така беше присутна во повеќе наврати, совршена комбинација за пролетната сезона. Креациите од органза се рачно сликани, а дел од моделите се везени или украсени со мониста. Токму тој избор на материјали и бои соодветствува на замислата на дизајнерот да се претстави „невина срамежливост“, „расцутена сензулност“, „скапоценост“... Повеќето креации имаат буква R од Rochas, уште еден знак за препознатливост, а посебно внимание привлекоа и обувките.

00140h_426x639

Тоа се всушност сандали, во предниот дел затворени и украсени со ленти што потсетуваат на оние што ги користите за новогодишните елки, а сите се носат на чорапи до глужд. Изгледа ретро-трендот повторно ќе стане актуелен.

Дрис Ван Нотен

collagedris

Инспириран од сликата на Џон Еверет, „Офелија“, Дрис Ван Нотен создаде колекција исполнета со хипи фантазии и магични чувства. За да биде што автентично, дизајнерскиот тим одлучи манекенките да чекорат по писта прекриена со мов. Парчињата се најчесто изработени од свила, шифон и материјали со светкав, метален сјај, што алудира на елементи од бајка. Нијансите на боите е пригушени. Машкиот крој е секогаш застапен во дизајнерскиот израз на Ван Нотен, а овој пат може најмногу да се забележи кај широките, пижама панталони.

Објавено:
25 септември 2014
Категорија: 
Колекции