The Weeknd и Александар Ванг ја имаат колекцијата на сезоната

11 ноември 2015

Еден од омилените музички изведувачи на денешницата и ѕвездата на годинешното шоу на Викторија Сикрет, The Weeknd ја подготвува својата прва колекција облека во соработка со единствениот Александар Ванг.

Нивната лимитирана колекција ќе го носи името WANGXO, а ќе биде достапна во одбрани продавници на брендот и на неколку он – лајн шопинг дестинации кон крајот на овој месец.

Александар Ванг е и дизајнерот што создаде кул парчиња за светската турнеја на канадската музичка сензација која почна неодамна.

Дел од колекцијата ќе бидат кожени патики со натписот XO, едноставни маички со извадоци од песните на The Weeknd, многу модели на марами, тренерки и што уште не.

Во моментов, тој е еден од најпопуларните музичари на светската сцена со бројни хитови, а вчеравечер направи вистински музички спектакл на шоуто на Викторија Сикрет. 

Објавено:
11 ноември 2015
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
237 пати