Во прекрасната атмосфера на Вила Ина, утрово сите присутни имаа можност да ја погледнат новата колекција костими за капење од Women’ Secret.
Колекцијата на костими за капење и додатоци за на плажа од Women’secret има за цел да направи да се чувствувате привлечно, удобно и секси како никогаш до сега!
Од брендот понудија разновидни модели на костими за капење што им прилегаат на различни типови на девојки.
Од фитнес сала, веднаш на пливање: Спортскиот тренд е во подем! Миксот на светли нијанси и црна боја, пресечен топ и костими за капење со висок струк и монохроматските еластични појаси ќе направат да се чувствувате секси на плажа.
Градникот на преклоп е задолжително парче за ова лето. Еднобоен или со шари, повеќенаменскиот градник со или без подметки, ќе го обликува вашето телото во супер предизвикувачко!
Ноќна бања: Максимална софистицираност, гламур, инспиративен накит, монистра, срма и сјај... Вечерни костими за капење во темни бои кои ќе блескаат на залезот на сонцето!
Другата страна на бохо: Боемскиот стил инспириран од фестивалите во 70-тите години никогаш не поминува незабележано. Везовите и цветниот дезен се основа на фустаните и туниките. За романтичен летен изглед одберете некој модел од овој стил.
Mix&Match костими со две лица: Со или без корпи и подметки... Широки или секси, „бразилски“ долен дел или пак на врзување. Безбројни комбинации за да ги добиете вашите совршени бикини!
Костими за капење со текстура: Плетка, фестонирана бордура, реси... Свежа колекција, лесна за носење, женствена и слатка. Лето на текстура!
Дел од колекцијата се и костимите за капење со многу прерамки, бикини, срцевидни деколтеа, „бразилски“ долен дел и секако голем избор на сандали, туники и пончо, чанти за на плажа во секакви големини, ѓердани и бразлетни. Парчињата облека за на плажа се удобни и совршени за релаксирачките денови и истите ќе одговараат на вашата колекција костими за капење со кои ќе го комплетирате изгледот за на плажа. Долгите комбинезони се одлични за летни авантури, а пак кратките комбинезони се достапни во широк спектар на бои.