Германскиот моден бренд New Yorker го презентираше лукбукот за најновата зимска колекција на која не само припадничките на понежниот пол, туку и момците нема да можат да и одолеат.
Покрај стандардните парчиња облека и модни додатоци, германскиот бренд лансираше и нови модели во соработка со брендот FB Sister, наменети за бунтовните тинејџери, декорирани со весели натписи и апликации кои се тотално во духот на младешкиот и урбан ритам на градот. Тука е и линијата Amisu која вклучува неколку поелегантни и женствени парчиња со кои вистински ќе блеснете во стилот на познатите модни икони.
За романтичните дами, цветниот принт е секако присутен во зимската колекција, надополнет со шармантни, масивни и впечатливи парчиња накит кои внесуваат дополнителна енергија за одлична завршница на секоја комбинација.
Што се однесува до момците и тие добија две посебни линии. Едната вбројува лежерни, трендовски и урбани модели, а додека другата е заводлива и елегантна наменета за сите џентлмени и оние кои се чувствуваат така.
Во продолжение погледнете ги фотографиите и инспирирајте се во креирањето на денешниот стајлинг: