Зухаир Мурад ја оживеа романтиката на златното време на Холивуд

31 јануари 2023

Зад инспирацијата на Зухаир Мурад за пролетната колекција прикажана на модната недела во Париз, стојат златните денови на француската ривиера од 70-те.

Како што вели и самиот дизајнер, тоа беше време на гламурозни забави, преубави прослави и бои на зајдисонцето.

Мурад ја оживеа секси-романтиката преку лесните материјали како тул, шифон, жерсе, со додатоци од везови макраме, нанижани бисери и мониста.

Фустаните кои што потсетуваа на златното време на Холивуд беа умешно украсени со кристали, разни везови и пердуви. Од боите можеше да се забележи медитеранско сина, светло зелена и сончево жолта.

Иако повеќето од дизајните тешко би можеле да се најдат во секојдневни ситуации, нема да биде изненадување ако видиме некои парчиња на претстојните оскари.

Ревијата финишираше со невестинскиот фустан на кој што немаше ниту кринолина, ниту било какви светкави кристали, а наместо тоа изобилуваа везови од макрама.

Мурад на крај ги почести присутните со свое дефилирање на модната писта.

Фото: Vogue

Објавено:
31 јануари 2023
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
360 пати
Тагови: 
Зухаир Мурад