Вечерниот фустан отсекогаш бил симбол на елеганцијата, а воедно претставувал и сон на секоја жена, уште од нејзиното детство.
Тоа е парчето што сите со нетрпение го очекуваат пред крајот на ревијата, на некоја премиера, гала вечера, забава... 1920-тите се револуционерни години за вечерните фустани, жените се повеќе ја нагласуваат својата младешка страна со она што се сметало за забрането и скандалозно. За првпат, вечерните фустани ќе бидат куси, како и дневните, а украсени со реси и стаклена мониста, со длабок израз од двете страни (деколте и грб) и тенки прерамки.
Во текот на овие години, модната куќа Вионет започнува да креира облека со антички украси, односно фустани потпирајќи се на „превртените“ материјали. Но, во 1930-тите холивудските диви како Марлен Дитрих во „The blue angel“ или Грета Гарбо во „Inspiration“ со машки и префинет шарм, станаа референтна точка.
Тоа е време на Високата мода во Фиренца. Во 1951 година Емилио Пучи ја претставува првата ревија, во која доминираат егзотични вечерни фустани со свилени принтови и без било какви набори. Овие години се нарекуваат и Долче Вита во Рим, што е воедно инспирација и за филмот на Фелини.
Но, оддеднаш се појавува долгиот црн фустан дизајниран од Fontana Sisters за Анита Екберг, икона на тие години, со широко здолниште што едвај ги зафаќа облините на нејзиното тело. Во тоа се појавуваат безвременски форми кои стануваат симболи за елеганција. Тука пред се се мисли на тесниот црн фустан на Живанши од 1961 година, кој одлично прилегаше на телото на Одри Хепберн.
Во 1968 година „Белата колекција“ на Валентино стана позната, а го вклучуваше и венчалниот фустан на Џеки Кенеди на свадбата со Аристотел Оназис.
Забележан ќе биде и црниот широк фустан на принцезата Дајана кога танцува со Џон Траволта, а понатаму секое време носи по некој крој што ќе остане запаметен, а аналогно на тоа и личност која ја носи креацијата.
Во прилог на овој мини-осврт на тоа кога започнува поинаквото доживување на фустанот во продолжение следи галерија, каде уште поубаво е прикажан овој развиток.