Многумина знаат да се пошегуваат и да речат „Не е се' во љубовта, има нешто и во парите“, како опис на денешните трендови.
Сепак, оваа приказна која доаѓа од Јапонија и го обиколи светот денеска, го покажува токму спротивното - дека се' уште има нешто и во љубовта.
Јапонската принцеза Мако, 29-годишната внука на царот Нарухита одлучи да се откаже од сите поволности што ги нуди кралската титула, само за да биде со своето „обично“ момче, правникот Кеи Комуро.
View this post on Instagram
Имено, ќерката на принцот Фумухита, наследникот на Нарухита, планираат венчавка која би требало да се случи во наредните два месеца.
За да може да го направи тоа, Мако останала без титулата и многу други бенефиции. Токму затоа и оваа нивна ситуација многумина ја споредуваат со ситуацијата во британското кралско семејство, па јапонските медиуми, а потоа и светските, ги нарекоа „јапонските Меган и Хари“.
Инаку, во јапонската царска традиција, принцезите што ќе се венчаат со некој што е дел од ѓраѓанството, мора да се откажат од своите титули, но според законот, добиваат голема сума пари од државата, за да можат да продолжат да „живеат достоинствено“. Во случајов тоа се 1.35 милиони долари, кои таа ги одбила и прва е во историјата која го направила тоа.
View this post on Instagram
Претходно, во 2005 година, нејзината тетка, Сајако се омажила за „обичен граѓанин“ и тоа било првпат член на благородничко семејство во Јапонија да се спои со обичен граѓанин, но во тој случај тетката не ја одби финансиската помош која ѝ беше понудена (помала од оваа на Мако), иако сепак мораше да се пресели во мал стан, да научи да пазарува, да вози автомобил итн..
Како и Меган и Хари и Мако и Кеи ќе живеат во САД, а како нивната љубовна приказна достигна светски рамки, популарноста и папараци нема да им недостасуваат. Така на пример, младиот адвокат вчера е фотографиран на аеродромот во Јапонија, каде допатувал поради подготовките за претстојната венчавка.
Она што најмногу се коментира од фотографиите е неговата долга коса фатена во опавче, која медиумите ја толкуваат како бунтовништво против традицијата.
View this post on Instagram
Инаку, двојката се запознала во 2012 година, двајцата студирале во Токио. Во 2017 година ја соопштија веста за веридбата, посочувајќи дека планираат и свадба. Но, свадбата беше одложена поради парични несогласувања во семејството Комуро.