Како започна модната приказна на Вог во Кина?

6 мај 2014

Денес Кина важи за еден од најразвиените економски центри и иако продажбата на луксузни добра во 2012 падна за 7% а во 2013 година за 2%, сепак Кинезите и понатаму се едни од најголемите потрошувачи со вкупно 29% на светско ниво, односно 590 милиони долари на годишно ниво.

Анџелика Ченг била дел од културната револуција и пронашла начин како да допре до конзументите кои биле жедни за едукација и градење на индивидуален стил. Во периодот на шеесеттите години наметнатиот стил на живеење и политичката ситуација во Кина не дозволувала експериментирање во однос на аутфитот. Токму затоа различностите се сметале како предмет за исмејување, а истиот пример го имала и самата уредничка кога на училиште се појавила во црно – бели панталони кои воопшто не се вклопувале со униформата. Исмејувањето од нејзините другарчиња придонело таа никогаш повеќе да не посака да ги облече повторно, иако биле специјално направени од нејзината баба.

Модната приказна започнува откако Анџелика која претходно била уредник на Ел добила понуда да застане на чело на Вог. „Ми требаа шест месеци за конечно да донесам одлука и да ја прифатам работата. Во тој период размислував да ја напуштам функцијата во Ел и конечно да ја искористам дипломата и да станам адвокат“- изјавила Анџелика, која сакала да проба нешто ново, а не повторно да биде дел од моден магазин.

По добивањето на понудата од Condé Nast и предупредувањето дека ќе зажали доколку ја одбие оваа понуда, таа започнала да чита книги за Вог и самата се уверила дека оваа модна приказна е сосема поразлична. Со испитувањето на кинескиот пазар и условите кои биле тотално поразлични од оние кои ги имаат американскиот и француски Вог, Чанг започнува да разработува идеи за вметнувањето на традиционалните, но и модерни сегменти во едно сосема поинакво издание со промоција на исклучителните таленти кои на свој начин ќе се изрекламираат во светски рамки. Доказ за големата заинтересираност е и целосната продажба на првиот број на Вог

„Кога започнав со новата функција, фокусот ми беше насочен кон пристапот на модниот магазин во Кина од сосема поинаков агол. Односно, луѓето беа научени да бидат третирани како граѓани од втор ред, а всушност големината на пазарот дозволува флуентност, а не инфериорност како што претходно се мислеше“ – констатирала Ченг.

Иако периодот на шеесеттите години бил зад неа, сепак таа го искористила не за наметнување на веќе познатиот стил туку за едукација пред се на младите студенти за најголемите легенди на тоа време Битлси. Информациите за промените кои тие ги направија со појавувањето на музичката сцена, допринесоа за градење на имиџ кој голем број следбеници го копираа. Одличната тема за нив била разработена на 20 страни, а интересот бил оправдан.

Издвојувањето на голем дел од буџетот за едиторијали на почетокот изгледало сосема погрешно за Анџелика, но фидбекот од професионалните фотографи се покажал како клучен за целосно изграден магазин. Анџелика во овој сегмент прави успешен спој на Истокот и Западот, формула која ќе се покаже како правилна за успех на магазинот. На почетокот во Кина не постоеле супермодели кои би се искористиле за сликање на едиторијали, но со откривањето на Du Juan, луѓето полека почнуваат да го менуваат гледиштето за изгледот на кинеските девојки, кои не само што може да изгледаат убаво, туку и да бидат модерни во секој поглед.

Одржувањето на креативноста на високо ниво е можеби една од најтешките задачи. Менувањето на стиловите, разните вкусови, традиции и општествени норми понекогаш знаат да направат дисбаланс во самото функционирање. Самата Анџелика признава дека се случува да ги разлистува старите броеви на Вог и да донесе одлука за менување на одредени рубрики. Исцрпувањето на информациите во одредени сегменти бара идеална замена, а потрошувачите полека градат изострен осет кој лесно не се залажува. Пред седум години на свет ја носи својата ќерка која е нова пресвртница во нејзиниот живот, како на приватен, така и на професионален план.

„Си помислив дека сакам мојата ќерка да биде образована, добра, љубезна, воспитана, да знае да сака и почитува, а сепак да не остане сама. Иако можам финансиски да ја обезбедам, сепак тоа не значи дека ќе бидам тука засекогаш, па како мајка почнав да го менувам своето гледиште кон светот, како сакам да ја воспитам мојата ќерка и каква да биде таа кога ќе порасне. Покрај тоа што сакам да биде изградена како личност, сакам да биде негувана и со препознатлив стил. Од тука помислив дека оваа приказна можам да ја пренесам и на моите читатели. Мојата ќерка денес ми е најголема инспирација за работа“ – дополнила Анџелика.

Во денешни рамки, кинескиот Вог претставува едно ултимативно модно четило, автентично и пред се светски популарно. Културната револуција и храброста за правење на драстични промени, пронаоѓањето на индивидуалноста, изразувањето на креативноста, градењето на модна сцена и спојувањето на различните класи во еден домен е доказ за успешниот и голем напредок на кинескиот Вог како уште една уникатна модна приказна.

Објавено:
6 мај 2014
Категорија: 
Стории