На свои 92 години таа важи за најстариот модел во светот и се уште е поим за елеганција и грациозност.
Нејзиното име е Кармен Дел Орефис и таа е жената која ги помести границите за моделингот.
Кармен ја започнува својата кариера на 15 годишна возраст кога нејзиниот кум во 1946 ја запознава со одговорните во Voguе.
Првиот договор и носи заработка од 7.50 долари на час, што денес би било околу 126. Сумата не била доволба за да ги задоволи потребите на семејството, па таа заедно со мајка и работела и како шивачка.
Младата Кармен била толку слаба што фотографите морале да ги пополнуваат празнините во облеката со тоалетна хартија.
Многу често за да заштеди пари таа одела на фотосесија во Vogue со ролерки. Сепак напорната работа се исплатела и во октомври 1947 се појавува на насловната на Vogue.
Брзо потоа Кармен станува една од омилените моделите на фотографите и се појавува во низа други магазини како Vanity Fair и Harper's Bazaar.
Нејзината убавина била толку моќна што и самиот Салвадор Дали ја одбира за негова муза.
Во 50-те стапува во брак со првиот сопруг Бил Мајлс, а двојката добива и ќерка Лора, но неговото агресивно однесување придонесува за развод по неколку години.
Кармен се мажи повторно, но овој пат за фотографот Ричард Хејман, но и тој брак завршува со развод кога моделот решава да се пензионира.
Во 70-те Кармен запаѓа во финансиска криза и решава да му се врати на моделингот.
Додека сите се трудеа да изгледаат помлади, таа немаше проблем со годините:
"Кога имав 40, имав 40, не сакав да глумам дека сум 20 годишна. Секогаш работев соодветно со годините. Токму затоа се чувствував толку самоуверено пред камерите."
Нејзиното враќање во модната индустрија беше огромен успех. Кармен ја бараа голем број на познати брендови како Rolex, Anna Sui, Guo Pei, Thierry Muggler, а својот камбек го најави со фотосесии за Vogue и Harper's Bazaar.
На 91 година таа направи неверојатно храбар потег кога позираше гола за магазинот New You.
Кампањата беше успешна и инспирираше многу жени да се чувствуваат самоуверено и среќно во своето тело без разлика на возраста.
На прашањето која е нејзината тајна Кармен вели – љубовта кон себе си.
"И жените и мажите треба да се грижат за себе и да се сакаат онакви какви што се."
Не можеме да се согласиме повеќе.
Фото: Pinterest