За кратко време ќе пристигне документарецот за животот на Памела Андерсон, жената која на сочен начин за јавноста ги одбележа 90-те.
Памела, како што и самата вели во новиот трејлер, беше сметана за јавна сопственост. Таа едноставно беше секс симболот на една поп култура, игривата блондинка што ретко кој ја сфаќаше сериозно.
Како шлаг на сета таа ноншалантност беше и украдената секс снимка, што ја соголи актерката до крај. Памела морала да го блокирала целиот тој момент за да преживее, а сега очајно сака за прв пат да ја раскаже својата приказна во прво лице еднина.
Најтешко ѝ било да се соземе и повторно да ја гради кариерата со малкуте парчиња што останале од нејзиниот живот. Но, како што вели во видеoто, таа не е типична дама во неволја. Ако се грижела за тоа што го мислеле луѓето, не би била каде што е сега.
Памела ја сака љубовта и заљубувањето, но сепак идилата брзо завршува во ќорсокак. Дали е тоа поради притисок од јавноста или едноставно се работи за одлуките на самата личност, едно е сигурно, секс симболот порачува дека треба да бидеме херои во сопствената приказна.
"Биди храбар и искористи го тоа што ти е дадено", потенцира актерката во видеото. Уште поголем поттик за да го крене својот глас беше и мини серијалот Pam & Tommy, каде се зборува за турбулентниот брак со музичарот Томи Ли.
И додека светот го чека документарецот премиерно на 31 јануари на Нетфликс, да се потсетиме на некои од најистакнатите моменти на Пем.
Фото: Pixabay