Урсула Корберо е актерката која ја толкува улогата на Токио, една од главните улоги во мега популарната серија „La Casa de Papel" (Money Heist) во продукција на Netflix, која е актуелна со четвртата сезона која почна да се емитува на 3. април.
Популарноста на серијата вклучително и на ликот што Урсула го толкува, нè провоцираше да дознаеме повеќе за оваа 30-годишна актерка која несомнено ужива блескави моменти во својата кариера.
Уште од првата сезона на серијата која почна да се емитува во 2017 година, улогата на Токио се издвои како една од носечките во сценариото во кое се испреплетуваат крими тензична драма и човечки, интимни приказни.
Карактерот што таа го профилира во „La Casa de Papel" е бунтовна млада жена која целиот свој живот живее на работ. А токму бунтвничкиот дух е заедничката особина која го спојува ликот на Токио со Урсула.
Родена е 1989 година во Барселона, Шпанија, но поради професналните ангажмани се преселила во Мадрид.
Пред Токио, нејзина најпрепознатлива улога која исто така уживала голема популарност, е ликот на Рут Гомез, во шпанската серија „Física o Química" („Physics or chemistry"), која исто така е во продукција на Netflix, а се емитувала од 2008 до 2011 година.
Иако на многумина им е симпатична романтичната врска на Токио со Рио (уште еден од водечките ликови во серијата), сепак Урсула во приватниот живот е во сериозна, долгогодишна врска со аргентинскиот актер Чино Дарин.
Успева добро да ја сочува својата приватност, па многу детали околу нејзиното семејство не се познати. Но, познато е дека уште од мала покажувала афинитети кон актерската игра и дека отсекогаш посакувала да биде актерка. А сега го живее својот сон.
Ниту модниот свет не и е непознат. Досега била ангажирана како модел и заштитно лице во кампањи на повеќе познати модни брендови меѓу кои и за Bvlgari и Springfield.
Ако го отворите нејзиниот профил на Инстаграм, ќе забележите и дека многупати досега се појавила на насловни страни на повеќе магазини, а енергијата од нејзините фотографии само потврдува зошто таа е вистинската актерка што најавтентично може да го пренесе бунтовништвото на Токио.