Костимографски детали пред премиерата на филмот „Принцезата од Монако“

14 мај 2014

Најгламурозната дестинација на Француската ривиера денес ќе биде во центарот на вниманието на сите медиуми, бидејќи низ црвениот килим во Кан за ексклузивното отворање на филмскиот фестивал и премиерата на филмот „Принцезата од Монако ќе се прошета елегантната актерка Никол Кидман, заедно со уште голем број други ѕвезди што пристигнаа специјално за да бидат дел од оваа манифестација. Филмот „Принцезата од Монако“ нема да влезе во конкуренција за награда. Кидман како филмска дива која што ја игра улогата на Грејс Кели во филмот презентира модни комбинации, изгледи, кроеви, накит и модни додатоци што веродостојно ги отсликуваат модните перцепции од тоа време но и оригиналниот стил на принцезата Грејс Кели.

официјалниот постер на филмот официјалниот постер на филмот

Костимографката Жижи Лепаж, ја имаше честа да ги изработи сите модни изгледи, комбинации, накит и модни додатоци за потребите на овој филм. Во процесот на создавање Лепаж инспирацијата ја црпела од винтиџ стилот, како и специфичните парчиња што Грејс Кели ги користела, почнувајќи од Еермес Кели чантата, именувана токму по принцезата.

Никол Кидман во улогата на Грејс Кели Никол Кидман во улогата на Грејс Кели

Режисерот Оливие Даан, со кого таа има работено на четири претходни проекти и даде буквално одврзани раце притоа не интервенирајќи за ништо во поглед на дизајнот, бидејќи знаел од претходните искуства дека Жижи ќе си ја заврши работата професионално и одговорно.

„Оливие Даан ми овозможува комплетна слобода кога работам со него. Кога ќе се обидам да го прашам нешто тој секогаш ми вели: „Види го сценариото“, што значи дека можеби одговорот се крие помеѓу редовите како една магична формула и јас треба да ја одгатнам. Морам да констатирам дека ова е една од причините што ми претставува задоволство да соработувам со него“, вели Лепаж.

Не станува збор за биографски филм, туку за секвенца од животот на Принцезата во периодот на 1962 година кога Грејс мораше да одбере помеѓу враќањето на филмското платно со настап во филмот на Алфред Хичкок „Марни“ или да му помага на својот сопруг принцот Рение III во решавање на политичката криза во Франција.

Никол Кидман носи копија на костумот на Диор од 1961 година Никол Кидман носи копија на костумот на Диор од 1961 година

„Бидејќи не бев ограничена со историска рамка, се почувствував слободна во однос на креирањето на костимите вклучувајќи го тука целиот декор, и духот на модата од 60’-тите која што беше и мој главен инспиративен стимул“, раскажува костимографката.

За да Кидман го постигне оригиналниот изглед на принцезата, Кристијан Диор репродуцираше два женски костими дизајнирани од Марк Боан, тогашен уметнички директор на куќата, вклучувајќи го сивото „Gamin“ здолниште што тој го промовираше како дел од колекцијата за висока мода за сезоната есен-зима 1961 година.

Сцена од „Red Cross ball“ Сцена од „Red Cross ball“

Благодатта на Монако и софистицираниот раскош на изгледите, особено на принцезата се благодарение на линковската врска со Диор, чиј што креативен тим организираше и изложба минатиот мај на целата облека сошиена и специјално направена за Грејс со презентација на ресорт колекцијата потпишана од модната куќа.

сцена каде Грејс(Никол) разговара со Алфред Хичкок сцена каде Грејс(Никол) разговара со Алфред Хичкок

Лепаж открива дека создала голем број фустани кои  не се формални копии, но се строго инспирирани од архивирани фотографии. Тука ќе ги вброиме фустанот во боја на слонова коска од 1956 година, дизајниран од страна на Антонио дел Кастиљо кој во тоа време работеше за Ланвин, почесната лента која се носи преку рамо во црвена и бела боја, украсена со брош – значка симбол на редот Монако на Сен Чарлс (Monaco’s Order of Saint-Charles). Фотографиите ја прикажуваат принцезата Грејс како носи облека и за формални пригоди, вклучувајќи ја посетата на францускиот претседател Шарл де Гол во 1959 година. За снимањето на сцената каде се прикажува „Red Cross ball“ (Балот на црвениот крст) е комплетно во светло сина боја, украсен со Сваровски кристали, целосно инспириран од винтиџ дизајнот на Жан Десес.

Скица со креација за филмот Скица со креација за филмот

„Користев навистина специфична палета бои со оглед на фактот дека сакав да ги истакнам нејзината прекрасна руса коса, сините очи и деликатната порцеланска боја на кожа.Дефинитивно употребив бои што беа модерни во тоа време како светло сината и светло жолтата кои во едно беа и омилените тонови на Принцезата Грејс“, раскажува  Жижи.

Скица со креација за филмот Скица со креација за филмот

Картие, исто така игра клучна улога во филмот. Иако суверената куќа од Монако, неодамна даде изјава со која што остро го критикуваше филмот како историски неточн, сепак му даде дозвола на златарот да репродуцира пет парчиња од кралската колекција накит, кои што го вклучуваат и 10,47 – каратен и смарагдно избрусен дијамант на вереничкиот прстен што Принцот Рение  и го даде на Кели по неколкуте средби на Канскиот филмски фестивал во 1955 година.

Скица со креација за филмот Скица со креација за филмот

Вредниот тим на куќата за изработка на накит Картие се погрижи за изработката на смарагден ѓердан што го носи Паз Вега, која во  филмот ја игра улогата на Марија Калас, а продавницата на брендот за накит што се наоѓа на улицата Rue de la Paix во Париз е една од главните и клучни сцени во филмот.

репродукција на вереничкиот прстен на Кели репродукција на вереничкиот прстен на Кели

Кога станува збор за модните додатоци, Еермес се погрижи да обезебеди префинета плејада на свилени марами, за чевлите допринесоа Салваторе Ферагамо и Џими Чу. Ракавиците на Кидман ексклузивно беа направени од страна на  Maison Fabre, додека шапките ги потпиша Александре Бартет, синот на Жан Бартет, кој што бил и омилениот „millаner“ (синоним на првокласна стока како накит, шапки и луксузни скапоцени украси и модни додатоци) на принцезата.

репродукција на брошот на Кели од 1957 година репродукција на брошот на Кели од 1957 година

Филипина Пинтон, внука на Франсоа Пинтон, нејзниот оригинален дизајнер за очила за сонце,специјално за филмот создаде нова колекција на очила за сонце, вклучувајќи и еден пар специјално потпишан од Аристотел Оназис, кој во филмот го игра Роберт Линдзи.

Всушност, генерално гледано сите ликови и карактери специјално за потребите на филмот добија коректен однос и поделено внимание во поглед на деталите во градењето на ликот преку модниот израз.

Тим Рот, кој во филмот ја толкува улогата на принцот Рение III, носи Смалто костуми, кошули од Карвет, чевли од Берлути, часовници и накит потпишани од Картие.

Лепаж вели дека многу обрнува внимание на тоа деталите и украсите да бидат автентични. Таа својата кариера ја започнала како асистент прво на дизајнерот Марк Асколи, а потоа и кај Јоши Јамамото и Мартин Ситбон пред да стане стилист на фотографот Жан Батист Мондино.

„Имам особено голема почит кон  креаторите, шивачите и изработувачите на накит. Кога ќе ви се укаже ваква прекрасна можност како овој филм, едноставно не можете да ја пропуштите. Имам навистина многу убави спомени од периодот на снимањето“, завршува Лепаж.

Објавено:
14 мај 2014
Категорија: 
Стории